Нов состав на Собранието до Нова Година - нова Влада во февруари

Државната изборна комисија на полноќ ги соопшти првичните резултати од прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце, според кои нема промена во освоените пратенички мандати во шестата изборна единица.

Како што информира на прес-конференцијата претседателот на ДИК Александар Чичаковски бројот на пратенички мандати на предвремените парламентарни избори останува непроменет, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, СДСМ 49, ДУИ 10, БЕСА 5, Алијансата за Албанците 3 и ДПА 2.

Чичаковски соопшти дека доколку нема приговори за денешното прегласување сите избрани пратеници до среда 28 декември ќе ги добијат уверенијата.

На  прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце од запишани 714 гласачи во Избирачкиот список гласале 402, односно излезеноста е 56,30 проценти.

По резултатите, почнаа да течат роковите за нова Влада и Собрание. Според изборните рокови, најдоцна до 31 декември треба да се одржи конститутивната седница за избор на новиот состав на Собранието, додека на 9 јануари, претседателот Иванов треба да му го даде мандатот за формирање влада на кандидатот на партијата која има мнозинство освоени гласови.

 
 
26.12.2016 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега