Груевски: Ако Управен Суд ги прифати незаконските одлуки на ДИК ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае резултатите

ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на некои странски претставници во нивното работење, а со цел вршење влијание на некој од членовите на ДИК во правец на постизборен инженеринг и фалсификување на изборната волја ан граѓаните. Некои од независните претставници на ДИК, всушност не се независни, рече денеска Никола Груевски.

Незаконските одлуки на ДИК, нагласи тој, може да ги корегира Управниот суд.

-Повикуваме, да не се врши притисок  на Управниот суд од никгоо. Доколку Управниот суд подлегне на влијанијата од страна и ги незаконските одлуки на ДИК и со тоа се одзеде победата на ВМРО-ДПМНЕ и се фалсификува слободно изразената волја на граѓаните на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите од тоа прегласување, рече Груевски.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев нема да дозволиме да формира Влада со фалсификувана волја на граѓаните на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните и функционирање на институции кои го немаат легитимитетот на граѓаните на Република Македонија, рече Груевски.

 

 
 
17.12.2016 - 18:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега