Јакимовска: Правдата ќе дојде на виделина - таа е на страната на Македонците

Ние сме овде и ќе бидеме овде се додека треба. Правдината е на страната на граѓаните на Република Македонија, истакна Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ обраќајки се пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

-Тоа мора секој да го знае и верувам дека и тие се свесни и веднаш треба да ја продолжат и завршат денешната работа. Да се прашаме што ако Македонија имаше гласачи како Америка, како Кина колку време ќе требаше оваа Државна изборна комисија да решава- години и години? Да се засрамат и да завршат за 10 минути затоа што сите веќе знаат што е нивната цел. Не работата по Законот, не работат по Уставот, а тоа е кривично дело. Срамота е да повикаат невини луѓе за кои цела јавност виде што изјавија како се одвивало гласањето на нивното избирачко место. Сакаат да стават во затвор луѓе кои не треба таму да ги стават.

Правдата ќе дојде на виделина, додаде Јакимовска, за секој оној кој сакал да заштитува нечии интереси, а не да работи по словото на законот.

 
 
17.12.2016 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега