Средба Груевски - Бејли

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во седиштето на партијата имаше средба со амбасадорот на САД Џес Бејли. 

По средбата амбасадорот Бејли не соопшти детали за средбата само  изјави дека САД останува партнер на Република Македонија и најави дека ќе оствари средби и со останатите лидери на политичките партии кои освоија мандати на предвремените парламентарни избори. 

- Имав средба со господинот Груевски. Ја ценам оваа можност да ги слушнам неговите ставови за изборите и за тоа што следува. САД е партнер на оваа земја. Ќе имам средби и со другите лидери на партиите кои освоија мандати на овие избори, изјави американскиот амбасадор Бејли по средбата. 

 
 
16.12.2016 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега