СИТЕЛ: Попоски - Условите во ЕУ и НАТО драстично променети

 

 

Условите во НАТО и во Европската Унија се променети. Македонија и земјите од регионот ќе мора да се прилагодат на тоа, е заклучено на денешната конференција во Загреб на шефовите на дипломатиите од земјите од Американско-Јадранската повелба. Македонија, која го презеде претседавањето со групата од Хрватска, не гаи илузии регионалната соработка, како што беше случај со запирање на мигрантскиот бран е клуч за успех во следниот период.

Регионалната соработка во безбедноста и останатите области води кон посилен економски развој во моменти кога Унијата се соочува со егзистенцијални предизвици, кои го кочат македонското членство и во ЕУ и во НАТО. Според Попоски партнерството со соседите, вклучително Бугарија и Грција ќе мора да биде повисок приоритет од самото членство. Соработката во мировните мисии покажува дека регионот може да делува обединето. Инаку, Хрватска од следната година ќе биде контакт амбасада за соработката со НАТО, што само ја потврдува одличната соработка со оваа земја.

 
 
16.12.2016 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега