СИТЕЛ: Дојдов, прозборев - се посрамив, вака може да се опише правниот дебакл на Фатиме Фетаи

Судот ги одби како незаконски доказите кои ги приложи СЈО во случајот за насилство во Општина Центар. Во судницата јавната обвинителка Фатиме Фетаи беше неколку пати опоменувана од судијката дека ќе биде отстранета од судењето поради недолично и иронично обраќање кон неа. Фатиме на судењето дошла не подготвена и незнаеше да одговори дали доказите за кои самата тврди дека ги прибавила, се тие кои ги поседува Судот. Обвинителката рече дека  не можела да ги спореди бидејќи не ги понела со себе. Фетаи не знаеше ниту колкав број на предмети добила од обвинителството во СЈО. На одбраната и беа прифатени предлозите да се отфрлат доказите кои се незаконски прибавени и исто така да се одбие предложениот заштитен сведок бидејќи е предложен незаконски. Адвокатите тврдат дека СЈО се обидува политички да ги гони клиентите без правна основа за делото за кое се води постапката.

За време на расправата  судијката Татјана Михајлова повеќе пати ја предупреди  обвинителката Фетаи,  затоа што не покажува основна почит кон судот, ја прекинува судијкатга додека зборува, ја корегира судијката и го претвора судот во циркус. Специјалната обвинителка не знаеше дали е дојдена на подготвителна или на главна расправа што се основни работи кои се познати за секој студент од прва година на правен факултет и е недозволиво еден јавен обвинител да не прави разлика помеѓу вакви теми. Присутните беа зачудени од фактот што обвинителката Фатиме Фетаи имаше поднесено како предлог докази обични документи кои ги навела како записници од некој партиски состанок иако законот јасно вели дека ваков вид докази трееба да се поднесат во оригинал. Овој факт дополнително укажува на правно погрешен пристап на еден јавен обвинител. Со ваквите излагања специјалната обвинителка Фатиме Фетаи наиде на смеа кај присутните во судницата по се најде навредена и се пожали дека е некоректно што се потсмевнувале дел од присутната јавност додека таа зборува. Главната расправа за судењето е закажана за 22 февруари. 

 
 
16.12.2016 - 17:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега