Груевски: По изборите не сум имал контакт со Заев - Фокусиран сум на формирањето на новата влада

Груевски се огласи на социјалната мрежа Фејсбук, еве што напиша

- Не е прв пат СДСМ да прославува кога ги губи изборите. Тоа е нивно право, а би рекол и навика. Заев е во очај. Тој можеби очекува дека тие кои го најмија ќе му помогнат сега, но мнозинството од граѓаните веќе гласаа и одлучија и нема да дозволат некој да им ја украде победата.
Со Заев по изборите се немаме ниту видено ниту чуено, иако очекував да ми ја честита победата. Но се покажа дека нема сили за тоа. Во минатото, нормално, повремено кога имало потреба сме се гледале или слушале телефонски, вклучително и во саботата пред изборите кога Оливер Спасовски најпрвин го побара Никола Тодоров, по што и ние се слушнавме со цел да размениме информации во правец на избегнување проблеми во изборниот ден.
Очигледно Заев прави максимални напори да ја продолжи политичката криза во Македонија. Согласно изборот на граѓаните на Република Македонија и меѓународната потврда за тоа дека изборите поминаа во најдобар ред и беа фер и демократски, јас во овој период сум фокусиран кон формирање на новата влада со цел реализација на ветената програма за подобрување на животот на граѓаните на Република Македонија, стои во статусот на Груевски. 

 
 
15.12.2016 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега