Србов: Се отвори можност за еднојазичност на албански јазик во Западна Македонија

Со изјавите на Заев се отвори можност за еднојазичност на албански јазик во Западна Македонија, смета аналитичарот Никола Србов.

-Над 70.000 гласови не можете да добиете и потоа да кажете „пу-пу не важи“. Со самото тоа што Заев го кажува и да загуби на изборите повторно прави штета што го стави прашањето на маса. Тој со самото тоа ја става во позиција било која албанска партија да го уценува ВМРО-ДПМНЕ. Кога веќе сте добиле толку албански гласови со тие ветувања, морате да ги спроведете на дело. Поентата на двојазичноста е да се донесе закон Макеоднците во основно училиште задолжително да изучуваат албански јазик. Со самото тоа децата од Западна Македонија ќе го учат албанскиот заедно со македонскиот јазик. Во идно време нема да имате двојазичнот во западна Македонија, ќе имате еднојазичност и тоа на албански јазик, бидејќи Македонците ќе бидат асимилирани. Не сум приврзаник на тезата дека Македонците ќе избегаат од Западна Македонија, но новите генерации ќе бидат асимилирани преку јазикот. Тоа е веќе поделба на државата“, изјави Србов.

 
 
14.12.2016 - 22:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега