Две години затвор за Нејмар!

 

Шпанското обвинителство побара денес од Националниот суд во Мадрид фудбалерот Нејмар да го казни со затворска казна во времетраење од две години и парична казна од 10,6 милиони евра.

Нејмар е обвинет за корупција и нерегуларности за време на неговиот трансфер од Сантош во Барселона во 2013 година.

Обвинителите од Националниот суд побараа иста затворска казна и за Нејмар и за неговиот татко, додека за поранешниот претседател на Барса побарана е казна од пет години.

Постапката е покрената по жалба на бразилскиот инвестициски фонд ДИС кој тврди дека е оштетен, односно дека му била оневозможена надокнада за трансферот на фудбалерот.

 
 
23.11.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега