Фудбалер на ПСЖ доби затворска казна

 

Според судските власти во Франција, играчот на ПСЖ десниот бек Серж Орие во мај оваа година најпрвин вербално, а потоа и физички нападнал униформирано лице откако направил неред во еден ноќен клуб.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска од првостепениот суд доби казна од нешто повеќе од две илјади евра, но и затворска казна од два месеца.

Адвокатите на фудбалерот веднаш вложиле жалба на пресудата и затоа е одложено одлежувањето на затворската казна, но ако второстепениот суд ја потврди првичната пресуда тогаш Орие ќе мора да замине зад решетки.

Играчот на ПСЖ и порано имаше неколку испади по кои беше суспедниран од клубот. најпрвин го нарече тогашниот тренер Лоран Блан, хомосексуалец, а на почетокот на годината доби и три месеци забрана за управување на возило поради немање на возачка дозвола.

 
 
26.09.2016 - 21:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега