Меџити за Лајм: Химната може да биде само со музика, без текст
Првиот вицепремиер Изет Меџити во емисијата „Дијалог во Лајм“ рече дека темата за промена на државниот грб не била дел од договорот за владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и не е приоритетна тема за Владата.
Сепак, Меџити рече дека коалицијата ВЛЕН е подготвена да разговара за сите теми и доколку се отвори темата за промена на грбот, како симбол од комунизмот, тогаш и химната треба да се прилагоди на новото време.
„Начелно сме разговарале за прашањето за грбот и за химната. Ако грбот е комунистички реликт, тогаш и химната доаѓа од комунистичкиот период, тогаш химната треба да ја прилагодиме на новото време, на модерното време со европски дух. Може да биде химна само со музика и без текст, или текстот може да биде поопфатен. Рековме, ако ги отвориме овие теми, да ги отвараме во пакети, каде што терминот 20 отсто треба да се замени со албанскиот јазик“, рече Меџити во емисијата „Дијалог во Лајм“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа