Гаши неделава ќе ги распише локалните избори: Гласањето за градоначалници на 19 октомври и 2 ноември

 


Собранискиот спикер Африм Гаши во петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19-ти октомври, додека пак, вториот круг за првите луѓе на општините ќе се одржи на 2 ноември.

– Изборите ќе бидат распишани на 8 или 9 август. Очекувам фер и демократски избори, достоинствена кампања, политичка култура, натпревар со идеи и визија, и посветеност кон граѓаните, потврди Гаши за Сител.

Партиите, кандидатите за градоначаланици и советници, треба да ги пријават во Општинските изборни комисии најдоцна 35 дена пред изборите. 

06.08.2025 - 15:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега