Извршен увид во Вишото јавно обвинителство - Обвинител од Штип обезбедува докази

 


Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска изврши увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбеди докази во постапката за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување и Малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител.

Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците и начинот на внесување на предметите. Притоа, се вршеше и споредба со исказите на оштетените лица – пријавители за начинот на кој наведуваат дека се интервенирало при распоредување на предметите.

Увидот во документацијата е извршен во целост во согласност со одредбите на Законот за кривична постапка и за истиот ќе биде изготвен записник со констатации за сите присутни лица.

18.02.2025 - 16:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега