Наумовски: Американците се тие што ја подготвуваат вечерата, а Европјаните се тие кои ги мијат чиниите

 

Васко Наумовски, универзитетски професор вели дека секогаш за вакви средби локациите се бираат во согласност со определбите на државите домаќини. Во минатото имало самити помеѓу рускиот и американскиот претседател во Словенија. За овие разговори мировни како домаќини се понудиле и Турција и Србија. Сепак Саудиска Арабија е избрана како земја која има подеднакво близок однос и со Руската федерација и САД.

„Зеленски не е во ситуација да поставува услови. Тој неодамна беше и исмеан од неговите соработници од САД кога рече дека никој не смее да и каже да на Украина како да постапува. Доволно е да видиме колку помош Украина добила од САД како воена поддршка и во форма на економска финансиска помош. Повеќе од 100 милијарди долари Украина има добиено поддршка само од САД. И секако Трамп кој доаѓа од бизнис сферата сега ќе сака на направи една своевидна трансакција. Го гледаме и во некои негови други потези. Кога станува збор за решавањето на конфликтите Американците се тие што ја подготвуваат вечерата, а Европјаните се тие кои ги мијат чиниите“ вели Наумовски.

Тој објаснува дека за постконфликтните ситуации ЕУ и државите членки имаат една добра методологија меѓутоа ниту еден конфликт вклучувајќи ги и оние на Балканот без вклучување на САД не може да дојде до разрешница. Наумовски додава дека според ова ЕУ не е способна да ги реши конфликтите дури и на сопственото тло без вклучувањето на САД.

18.02.2025 - 20:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега