Официјално: Жозе Мурињо потпиша за Манчестер Јунајтед
Жозе Мурињо потпиша договор да стане новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, објави Скај Спортс.
Португалецот ги потпиша документите во хотел во централен Лондон околу 5 часот попладнево, со што го наследи Луи ван Гал како новиот шеф на Олд Трафорд.
Скај Спортс ја објави веста откако Мурињо се вратил во неговиот дом со документите во рака и шише црвено вино, по средбата со Ед Вудвард.
26.05.2016 - 19:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа