Ибрахимовиќ една година во Јунајтед?

 

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед му понуди едногодишен договор на Златан Ибрахимовиќ, објавија англиските медиуми.

Шведскиот фудбалер викендот се збогува со Пари Сен Жермен, а неизвесноста за тоа каде ќе ја продолжи кариерата и натаму трае.

Се шпекулира дека за трансфер на „Олд Трафорд“ на 34-годишниот фудбалер од нападот „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат неделна сума од околу 285.000 евра.

Ибрахимовиќ наводно е подготвен да ја прифати понудата, но само под услов од клубот да си замине тренерот Луис ван Гал, со кого тој не е во добри односи уште од времето кога тие заедно работеа во Ајакс. 

 
 
17.05.2016 - 11:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега