Заре Марковски си поднесе оставка

 

Заре Маркоски повеќе нема да биде дел од раководството на Македонската Кошаркарска Федерација, откако денеска си поднел оставка од функцијата директор во МКФ. Информацијата прв ја објави весникот „Македонски спорт“, а истата за ЕКИПА ја потврдија од македонската куќа на кошарката.

„Точно е, добивме документ со кој Заре Маркоски си поднесува оставка од својата функција. Истиот документ ќе биде разгледуван од страна на Управниот Одбор, кој ќе реши дали истата да ја прифати“ – истакнаа извори од МКФ за ЕКИПА.

 
 
13.05.2016 - 16:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега