МВР и Министерството за спорт потпишаа Меморандум за соработка за физичка подготовка
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за спорт Борко Ристовски денеска во Министерството за внатрешни работи потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете министерства во областа на физичките подготовки и спортски активности.
Со овој Меморандум за соработка се утврдува рамката помеѓу страните потписници за работи од заеднички интерес базирани на искористување на стручно- научните, професионалните, материјално-техничките и просторните услови насочени кон унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности преку кои ќе се реализира соработката за работи од заеднички интерес.
„Со потпишување на овој меморандум ја подигнуваме нашата и досегашна одлична соработка на повисоко ниво со што директно ќе влијае врз работата на министерството и подготвеноста на полициските кадети и службеници. Спортот и физичката подготвеност е во директна поврзаност со успешното извршување на задачите на полициските службеници а со тоа и чување на безбедноста на граѓаните. Планираните проекти со министерството за спорт ќе значат унапредување на терените и можностите за квалитетни спортски активности на ниво на европските полиции со една цел, да имаме подготвена и спремна полиција која ќе биде вистински гарант на безбедноста на своите граѓани“, потенцираше министерот Тошковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа