Зголемување на платите во јавниот сектор: МВР добива најмногу

 


Постои зголемување на сумата во Буџетот за плати во јавен сектор, најмногу тука ефектот е поради Минситерството за внатрешни работи кое што имаше покачување на платите за 10 проценти. Во суштина, МВР брои најголем број од администрацијата со околу 15 илјади вработени лица, информираше денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

На денешната прес-конференција во Влада, во одговор на новинарско прашање поврзано со издвоените средства од Буџетот за плати во јавниот сектор, Димитриеска Кочоска посочи дека издвоени се околу 800 милиони денари, од кои дури 600 милиони се наменети за Министерството за внатрешни работи, бидејќи, нагласи, МВР брои најголем број од администрацијата.

– Има зголемување на сумата за плати во јавен сектор, тоа веќе го кажав. Најмногу тука ефектот е поради Минситерството за внатрешни работи кое што имаше покачување на платите за 10 проценти. Во суштина, МВР брои најголем број од администрацијата, тие имаат вработено околу 15 илјади лица … Некаде околу 800 милиони денари од Буџетот се за плати во јавниот сектор, од кои 600 милиони се за Министерството за внатрешни работи, но не ме фаќајте за збор, бидејќи не ја земав со мене целата проекција, посочи Димитриеска Кочоска.

Министерката беше прашана и за тоа дали државата ќе издвои дополнителни средства за „Бехтел и Енка“, за што, рече, во моментот нема потреба.

– Во моментот не, доколку има потреба до крајот на година ќе видиме како ќе оди реализацијата, затоа што досега вие знаете дека за „Бехтел и Енка“ се планирани некаде околу осум милијарди, па се правеше некоја пренамена седум милијарди и нешто, но во исто време околу две и пол милијарди имаме реализација. Ако одиме по реализацијата сметаме дека тие средства кои се планирани во Буџетот ќе им бидат доволни бидејќи толку ќе им биде реализацијата, рече Димитриеска Кочоска.

19.06.2025 - 15:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега