Пожар во тетовската касарна: Двајца армиски припадници повредени при гаснење

 


Вчера во 13.46 часот во СВР Тетово било пријавено дека во објект во касарната во Тетово настанал пожар. 

При обид да го изгаснат пожарот, со повреди се здобиле двајца припадници на Армијата, кои биле пренесени во Клинички центар Тетово за укажување на помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Запознаен е јавен обвинител.

19.06.2025 - 13:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега