Oва е новиот тренер на Јунајтед?
На социјалните мрежи се појави фотографија која ги запали навивачите на Манчестер Јунајтед и воопшто фудбалскиот свет. Станува збор за фотографија на која се наоѓаат Сер Алекс Фергусон и менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Очекувано веднаш започнаа шпекулациите за можноста Покетино да го замени Луj Ван Гал на клупата на „црвените ѓаволи“.
Најинтересно можеби е што оваа фотографија се појави истиот ден кога Ренато Санчез, кого од Јунајтед сакаа да го доведат во своите редови, потпиша за Баерн Минхен, а за потсетување, неговиот агент Жорж Мендес исто така го застапува и Жозе Мурињо.
Познато е дека во Манчестер Јунајтед има поделба околу Мурињо – дел го сакaат на „Олд Трафорд“, а дел се против доаѓањето на Португалецот.
Дали Фергусон подготвува златно решение во преговорите со Маурисио Покетино ќе се знае наскоро. Премиер лигата завршува следниот викенд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа