Скоро секој играч на Лестер си има своја неверојатна приказна - погледнете кои се новите шампиони
Џејми Варди затвореник, Ријад Марез и Вес Морган потпросечни играчи, Каспер Шмајхел бледа сенка на татко му. Овие момци сите би помислиле дека се играчи на некој потпросечен фудбалски клуб, но сепак фудбалските фанови знаат дека тие се играчи на новиот освојувач на Премиер Лигата.
Џејми Варди: Избркан од тимот на Шефилд Вендсдеј како неталентиран фудбалер. Неговата фудбалска, но и животна приказна е доста интересна. Тој има одлежано затвор поради тепачка во ноќен клуб. За краток период од тим кој не играл во професионалните англиски лиги, во тимот Флитвуд Таун, сега е најдобриот стрелец на новиот англиски шампион и репрезентативец на Англија.
Ријад Марез: Денеска вреди повеќе од 50 милиони евра, Лестер го купи за само 500.000 евра од Ле Авр. Тој оваа година е најдобриот играч на овој тим. Големите европски гиганти, сигурно жестоко ќе се борат за играчот кој никој не го знаеше пред една година.
Вес Морган: Како играч кој не се смета за калибар за клуб во Премиер Лигата до пред 9 месеци. Денеска е капитен на шампионот.
Каспер Шмајхел: Вечната сенка на славниот татко, Петер Шмајхел. Како неталентиран голман избркан од Манчестер Сити, почнува од четвртолигашот Нотс Каунти, преку Лидс Јунајтед во Чемпионшип, пред неколку часа стана првак во Премиел лигата.
И сите други играчи на Лестер станаа ѕвезди за оваа година како што се, Дриквотер, Роберт Хут, Оказаки, Улоа, Фукс и сите други кои учествуваа во најголемата фудбалска романтика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа