Го претепал и му го зел мобилниот бидејќи побарал да му врати 1.200 денари
Триесет и пет годишниот А.Н. од Охрид заработи кривична пријава за „разбојништво“. Тој на 31.03.2016. година физички го нападнал триесетгодишниот В.С. од Охрид и му нанел телесни повреди во пределот на главата, при што му го одзел мобилниот телефон. Инцидентот се случил додека А.Н. бил паркиран на ул. „Булевар Туристичка“ во Охрид, кога до него застанал оштетениот таксист В.С., кој побарал да му врати 1.200 денари кои претходно му ги позајмил. По ова, А.Н. излегол од возилото и физички го нападнал В.С.
18.04.2016 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа