ФК Вардар: Горди сме што не дозволивме да се случи тоа што ние го доживеавме на Чаир и во Куманово
ФК Вардар најостро ја осудува денешната мешаница која се случи на Јужната трибина од Националната арена „Филип Втори“, за време на првото полувреме од натпреварот со Шкендија, во рамките на 27. првенствено коло.
Меѓутоа, истовремено сме горди на тоа што не дозволивме ниту еден од членовите на управата на Шкендија да биде повреден во виорот на немилите настани. Сите присутни од противничкиот табор безбедно и достоинствено ги извлековме од целата ситуација, за разлика од она што нам ни се случуваше на гостувањата во Куманово и на Чаир. За потсетување, на овие два натпревари од рамките на второто, односно 24. коло, цел час по завршувањето на средбите, заедно со нашите фудбалери, бевме плукани, навредувани и понижувани со разни навреди на етничка основа.
Ние како општествено одговорен клуб секогаш ќе се бориме против насилството на фудбалските терени и се оградуваме од некоректните скандирања, без разлика на чија адреса и да се упатени. Но, истовремено, не можеме да останеме рамнодушни ниту на едностраното гледање на работите. Многу добро знаеме како е да се биде опколен од непријателски настроените противнички навивачи и затоа, за никој да не го доживее тоа што нам ни се случи на Чаир и во Куманово, денеска ги превзедовме сите мерки, играчите, стручниот штаб и раководните структури на Шкендија, безбедно да го напуштат најголемиот фудбалски храм во земјава.
Согласно начелата за обезбедување на натпревари со висок ризик, каков што беше денешниот дуел со Шкендија, ангажиравме огромен број на редари и сме горди што во целата мешаница управата на гостинскиот клуб безбедно беше префрлена на Северната трибина.
Повторуваме уште еднаш, едностраното гледање на работите никому нема да донесе добро и затоа апелираме за мирно и објективно гледање на работите.
Со почит,
ФК Вардар
Превземено од fkvardar.mk
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа