Атлетико-Баерн и Манчестер Сити-Реал во полуфиналето на Лигата на шампиони

 

Екипите на Атлетико Мадрид и Баерн Минхен, односно на Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе играат во полуфиналето на елитната фудбалска Лига на шампиони.

Ова е исходот денешната ждрепка одржана во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион. 

Дуелот на Атлетико Мадрид - Баерн Минхен ќе биде практично реприза на финалето од 1974 година во тогашниот Европскиот куп, во кое геранскиот тим триумфираше, откако првиот меч заврши 1:1, па во повторениот Баерн славеше победа со 4:0.

Манчестер Сити и Реал Мадрид досега одиграа само два меѓусебни дуели и тоа во сезоната 2012/2013, а Реал има подобар биланс бидејќи го доби вториот меч во Мадрид со 3:2, одткако првиот во Манчестер заврши 1:1.
 
Првите полуфинални мечеви од Лигата на шампионите се играат на 26 и 27 април, додека реваншите се на 3 и 4 мај. Финалето е на 28 мај на „Сан Сиро" во Милано.
 
 
15.04.2016 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега