Трагедија во семејството на Лука Модриќ
Шпанскиот весник „Спорт“ објавува шокантна вест која го потресе семејството на хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ.
Неговата блиска роднина, 40 годишната Сузана Модриќ е киднапирана и убиена во Ел Салвадор каде живеела и работела во последните шест години.
Сузана, која била мајка на две деца, е киднапирана во понеделник, а нејзиното безживотно тело било пронајдено вчера во багажник на автомобил.
Мотивите за киднапирањето и убиството на блиската роднина на играчот за врска на Реал Мадрид засега не се познаати.
14.04.2016 - 18:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа