Коби Брајант постигна 60 поени на својот последен натпревар во НБА лигата

 

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант ноќеска го имаше последниот свој настап во НБА лигата, а неговиот крај со активното играње го одбележа со 60 поени во победата остварена ноќеска против Јута (101:96).

Брајант во успешна 20-годишна кариера освои пет шампионски прстени во НБА лигата. Оваа сезона не успеа да ги однесе Лејкерс во плеј-офот, но и покрај тоа ноќта во „Стејплс центарот“ во Лос Анџелес целосно му беше посветена на петтиот играч со 20 одиграни сезони во најсилната светска кошаркарска лига и првиот кој сите сезони ги одиграл во ист клуб.

- Не можам да поверувам дека поминаа 20 години. Имаше многу подеми и падови, но најважно е дека сето тоа сите заедно го доживувавме. Јас пораснав како најзагрижен навивач на Лејкерс уште од детството и сум горд на сите години поминати во Лос Анџелес. Благодарам за поддршката, мотивација и инспирација, изјави популарната „Црна Мамба“.

Покрај петте титули шампион, Коби својата кариера ја заврши со 30.000 поени, преку 6.000 асистенции, две МВП награди, 18 повици за „Ол Стар“, два медала со националниот тим на САД на Олимписките игри. Тој со постигнати 81 поен против Торонто во 2006 година, го оствари вториот најдобар учинок во историјата зад Вилт Чембрлен кој 1962 година уфрли 100 поени.

 
 
14.04.2016 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега