Бо Мекејлеб пред сензационален трансфер во македонски клуб?!
Управата на МЗТ Скопје Аеродром ќе се обиде да го убеди Лестер „Бо“ Мек Кејлеб во следната сезона да заигра во дресот на актуелниот македонски првак, објавува Македонски спорт.
-Според информациите кои доаѓаат од добро упатени извори блиски до клубот, натурализираниот македонски бек во текот на наредниот месец треба да дојде во Скопје и, веројатно, тогаш ќе биде финалната рунда од преговорите, кога и ќе се знае резултатот дали Мек Кејлеб наесен ќе заигра за МЗТ. Американецот со македонски пасош во моментов е во Франција каде што игра за Лимож, но на тимот „не му цветаат розите“ и, најверојатно, сезоната ќе им заврши на 10 мај. На шест кола до крајот на регуларната сезона, Лимож заостанува три победи зад осмопласираниот Нантер, и има само теоретски шанси да се избори за место во плејофот. Ако со обврските кон Лимож, Мек Кејлеб заврши на 10 мај, тој уште утредента би можел да дојде во македонската престолнина, објавува Макеоднски спорт.
Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа