Овие солзи не се за моменталниот неуспех, овие солзи се за генерација која заслужи многу повеќе
Неуспехот во квалификафициите за Олимписките игри во Рио, е неславен крај на една генерација која ја промени историјата на Македонскиот ракомет. Неславен крај на една генерација која го направи ракометот спорт број еден во Македонија.
Солзите на Наумче Мојсоски при збогувањето од националниот дрес, не се само за овој неуспех, ова се солзи за една генерација предводена од него, капитенот Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Борко Ристовски, Диви, Стевче Алушовски,Ванчо Димовски, дефанзивците Велко и Јоновски... , поновите во овој тим како Столе Стоилов, Дејан Манасков, Гоце Георгиевски...Генерација која ни донесе големи успеси и многу радости, но сепак останува дека можеше да одат и уште еден чекор понапред.
Овие солзи, се за генерацијата која во 2009 ја однесе Македонија на Светско првенство, прв пат по 10 години, по настапот на Мундијалот во 1999.
Овие солзи, се за одбранетиот пенал на Борко во последната секунда против Португалија, за пласнам на првенството во 2009
Овие солзи, се за најдобриот стрелец во историјата Светските првенства со 92 гола,Кире Лазаров, кој се запиша во историјата како играч кој постигнал најмногу погодоци на едно првенство.
Овие солзи, се за 5-тото место на Европското првенство во Србија во 2012.
Овие солзи, се за голот во последната секунда на Данецот Линдберг, кој можеби не чинеше пласман во полуфинале на истото тоа првенство.
Овие солзи, се за нивниот пречек на плоштадот во Скопје по Европското во Србија.
Овие солзи, се за неуспехот во квалификациите за Олимписките игри во Лондон во 2012
Овие солзи, се за пласманот Светското првенство во Шпанија во 2013.
Овие солзи, се за 10-тото место на Европското во 2014.
Овие солзи, се за 9-тото место на Светското првенство во Катар, во 2015 година, што досега е најголем успех на едно Светско првенство.
Овие солзи, се за повлекувањето на Миркуловски и Мојсоски, едни од лидерите на генерацијата која секогаш ќе ни остане во најубавите спомени
Овие солзи, се за навикнувањето на нацијата на играње на големите првенства, со пласманот на последното Европско првенство во Италија, каде завршивме на 12 позиција.
Овие солзи, се за горчливиот неуспех на овие квалификации за Олимпијадата во Рио.
Овие солзи, не се само за репрезантивниот ракомет, туку се и за генерацијата која го направи силен и клубскиот ракомет.
Овие солзи, се за генерацијата која ни го подари дербито Вардар – Металург.
Овие солзи, се за успесите на Металург во Европа
Овие солзи, се за тоа што сега Вардар е еден од најсилните во Европа.
Овие солзи, се почеток на една нова генерација на Кузмановски, Талески, Јагуриновски... со помош на капитенот Лазаров, од која се надеваме на нови успеси и нови радости на целата нација.
Нека ОВИЕ СОЛЗИ, бидат солзи радосници за следната генерација, од која се надеваме дека ќе ни донесе поголеми успеси од оние со кои не израдува оваа генерација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа