Капитенот Лазаров и Борко бараат да остане Мукаетов
Живко Мукаетов е човек кој мора да се задржи по секоја цена да ја предводи федерацијата, изјавија капитенот Кирил Лазаров и голманот на репрезентацијата Борко Ристовски. И двајцата го делат мислењето дека клучно за напредок на ракометот е да не се изгуби човек како Живко во нашиот спорт.
– Тоа е голем човек, голем емотивец голем Македонец. Не гледам правец насока ако тоа се случи. Со респект кон сите, што биле на чело на федерацијата. Имавме услови, имавме се на тацна. Господинот Живко Мукаетов, не заслужува да се прости на таков начин, како и Мојсо, и многу од нас. Да ги оладиме главите, младинците не усреќија,… Навистина не знам што да кажам, да оставиме малку време и да решиме што понатаму. Не губи само ракометот губи цел спорт, истакна Лазаров и додаде дека треба да се мисли и на иднината.
– Не сакаме да ги оставиме нашите младинци, но ако нема амбиција,… Никој не очекуваше ваков расплет, Ние пукаме со сите „шавови“,… Младите нема да ги оставиме на цедило и ќе дадеме се од себе да ги пласираме на Светско првенство. Многу сме еуфорични и емотивни. Треба да имаме добра стратегија. Ние не знаеме да калкулираме, како што тоа го направи Хрватска.
Слично размислува и Ристовски.
– На Македонија и треба човек како него. На Македонија и требаат луѓе како него успешни. И треба да се сплотиме да останеме силни, по оваа „неправда“ која ни се случи, за која сме ние самите најмногу криви. Да се надеваме дека ќе бидеме заедно и ќе се радуваме на успесите заедно, дека доаѓа нова генерација. Верувајте треба на таа генерација да и се даде шанса на големо натпреварување, нагласи македонскиот голман.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа