Арсенал се лизна: Почнува ли да се лади шампањското во Лестер?
Екипите на Вест Хем и Арсенал одиграа без победник 3:3 во воведниот натпревар од 33.коло на Англиското фудбалско првенство. На овој резултат највеќе се радуваат во Лестер, со оглед на тешкиот меч кој утре го игра Тотенхем против Манчестер Јунајтед.
На средбата одиграна попладнево на стадионот „Аптон парк“ љубителите на фудбалот имаа можност да видат дури шест гола, по три на двете страни. Иако гостите со головите на Месут Озил (18-минута) и Алексис Санчес (35) имаа предност од два гола, сепак Енди Керол со хет-три (44, 45 и 52-минута) направи комплетен резултатски пресврт. Лорен Кошчелни со погодокот во 70-минута сепак се погрижи Арсенал да освои барем бод.
Денеска на програмата се уште шест натпревари, а двојките се:
Саутемптон – Њукасл
Ватфорд – Евертон
Свонси – Челзи
Кристал Палас – Норвич
Астон Вила – Бурнемут
Манчестер Сити – ВБА
За утре покрај дербито Тотенхем – Манчестер Јунајтед, закажани се дуелите, Сандерленд – Лестер и Ливерпул – Стоук.
Табела: Лестер 69 бодови, Тотенхем 62, Арсенал 59, Манчестер Сити 54, Манчестер Јунајтед 53, Вест Хем 52, Саутемптон 47, Стоук 47, Ливерпул 45....
09.04.2016 - 16:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа