Македонската фудбалска репрезентација ита кон дното - пад од три позиции на ФИФА листата

 

Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад на ФИФА рејтинг листата и сега се наоѓа на 141-то место.

„Црвено-жолтите“ дополнително го расипаа својот пласман во однос на мартовското рангирање по поразите од Словенија (1-0) и Бугарија (0-2) на пријателските натпревари во Копер и во Скопје.

Од противниците на Македонија во квалификациската група за СП 2018, Шпанија е на 6.место, Италија е 15-та, Албанија се наоѓа на 45.место, Израел е 76-ти, најслабо пласиран е Лихтенштајн – 173.место.

Нов лидер на листата е Аргентина, а во ТОП 10 се наоѓаат и Белгија, Чиле, Колумбија, Германија, Шпанија, Бразил, Португалија, Уругвај и Англија.

 
 
07.04.2016 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега