ФОТО: Среде тренинг гром удри во 18-годишен македонски голман!
Голман од македонско потекло Стефан Петровски роден во Австралија бил удрен со гром за време на тренинг.
Петровски брани во малезиското првенство за тимот на Мелак Јунајтед каде дошол минатата година. Трагичниот настан се случил на еден тренинг при што 18-годишникот ја загубил свеста и морала да интервенира лекарска помош. Според информациите, Петровски е во стабилна состојба, но уште е приклучен на респиратор.
“Неверојатно е ова што се случи. Цел ден врнеше ситен дожд, но не очекувавме да има последици”, се вели, меѓу другото, во соопштението од клубот.
Громот го удрил и соиграчот на Петровски, Мухд Афик Азуан, но тој поминал само со полесни повреди.
07.04.2016 - 13:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа