Роналдо се враќа во Јунајтед за 60 милиони евра

 

Реал Мадрид е подготвен на Кристијано Роналдо да му дозволи враќање во Манчестер Јунајтед за 60 милиони евра, тврди весникот „Ас“.

Како што наведува весникот претседателот Флорентино Перез верува дека претстојниот преоден рок е последна шанса да заработи од трансферот на Роналдо бидејќи мисли дека цената постојано ќе му паѓа.

Договорот на Роналдо му истекува во 2018 година, но често изјавувал дека Јунајтед му е во срцето и нема ништо против враќањето на Олд Трафорд каде се афирмираше како играч.

Во 2009 година, Португалецот од Јунајтед премина во Реал Мадрид за рекордни 94 милиони евра.

 
 
07.04.2016 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега