Сите се смееле седум дена: Ова е најлудата работа што Ибрахимовиќ му ја направил на соиграч!

 

Тијаго Силва, капитенот на ПСЖ, раскажа анегдота за соиграчот Златан Ибрахимовиќ, со кој играше и во Милан. 

Бразилецот со новинарите сподели приказна како Џенаро Гатузо, тогашниот играч на Милан, научил дека не е паметно да го провоцираш Ибрахимовиќ.

- Еден ден на тренинг Џенаро константно го провоцираше Златан, му досадуваше, но овој само молчеше и не му одговараше. Одмаздата следеше по тренингот. Го фати во соблекувалната, го подигна во воздух, го сврте наопаку и го фрли во канта за ѓубре, рече Силва и додаде дека тоа предизвикало смеа во соблекувалната.

- Беше лудо, сите се смеевме размислувајќи за лицето на Гатузо. Се колнам, не можевме да престанеме да се смееме седум дена.

 

 

 

 
 
05.04.2016 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега