Скопје утре без вода - проверете каде и кога?

 

Без вода утре од 8:30 часот ќе бидат корисниците на улица „Димитрије Чуповски“, булевар „Свети Климент Охридски“ и потегот помеѓу булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Партизански Одреди“ во општина Центар.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради отстранување на дефект на приклучна водоводна цевка ф-2,5 цола на улица „Димитрие Чуповски“ бр. 22.

Прекинот на водоснабдувањето ќе биде до санирање на дефектот.

 
 
10.02.2016 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега