ДУИ: Дијаспората да гласа по пошта

 
Денес во Собранието на Република Македонија, Пратеникот од редовите на Демократската Унија за Интеграција, г-дин Артан Груби го прими Новоименуваниот австриски амбасадор во Скопје, г-ѓа Ренате Коблер.
 
Пратеникот Груби и Амбасадорката Коблер разговараа околу актуелната политичка ситуација во Македонија, случувањата кон спроведувањето на Договорот од Пржино и преговорите во работни групи и воопшто за интеграцијата на земјата во Евро-атлантските структури.
 
Груби ја запозна австриската амбасадорка околу ставовите на ДУИ во работните групи во врска со гласањето на Дијаспората, составот и одлучувањето во Државната Изборна Комисија, чистењето на избирачкиот список, жалбените постапки, итн
 
ДУИ ја смета Дијаспората како многу важен дел и неразделна на нашето општество затоа се ангажира нашите граѓани во Дијаспората да гласаат по пошта за 6 постоечките единици во земјата. Другата опција останува еднаквоста на гласот во дијаспората како кај нас и ова треба да се гарантира во согласност со препораките на ОДИХР и Венецијанската комисија.
 
Во врска со ДИК, Груби истакна дека е постигнат квалитативен раст во ова раководно тело на албанската застапеност над 33% и моментално се развива интензивна дебата во врска со начинот на консензуално  донесување одлуки со цел да се избегне надгласување по етничка основа. Заедниците ќе имаат механизми за спречување мајоризација во ДИК.
 
Што се однесува на регистарот на гласачите, ризикот од отуѓување на десетици илјади граѓани преку активна регистрација на гласачите е избегнат и правото на глас нема да му се одзема на ниту еден граѓанин, но списокот ќе биде исчистен со административни методи и теренски проверки. Додека меѓународниот и локалниот мониторинг како и пристапот до сите документи во постапката за решавање на жалби од управниот суд е загарантирана со закон.
 
Груби нагласи дека страните се блиску до договор, но треба храброст и одлучност од страна на македонските политички партии за да одлучиме да изградиме еднаков и сигурен систем за секого.
 
ДУИ се залага за прецизно спроведување и што е можно побрзо на обврските од договорот од Пржино така што земјата се враќа на приоритетната агенда, решавањето на споровите со соседите и интеграција во НАТО и ЕУ.
 

 

Оцени ја веста

14.10.2015 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега