Скопјанец падна во „Мрежа": Погледнете ја оваа нива со дрога во Драчево (ВИДЕО)

 

Во рамки на оперативната акција „Мрежа“ Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија поднесе кривична пријава до Основно Јавно Обвинителство - Скопје против 25-годишниот Д.Г. од Скопје, за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори, со што скопјанецот си заработи 30 дневен притвор.

Скопјанецот во текот на 2015 година неовластено набавил семе од растението „канабис сатива“ и истото го засадил во месноста викана „Песовци“ во атарот на општина Драчево при што стеблата ги одгледувал во пластеник и ги наводнувал преку систем „капка по капка“.  На 05.10.  со Наредба за претрес издадена од Судија на претходна постапка од Основен Суд Скопје 1 - Скопје, извршен е претрес на катастарската парцела во месност „Песовци“, Драчево, сопственост на лицето В.С., а која пријавениот ја има изнајмено и ја користи, при што во еден од пластениците се пронајдени 135 стебла од непознато растение, соопштуваат од МВР.

Со потврда за привремено одземени предмети, пронајдените предмети се одземени од пријавениот и предадени за вештачење за што е изготвена анализа на растителен материјал и е констатирано дека стеблата претставуваат израснати растенија со височина од 130 см до 215 см со развиен корен, стебло со гранки, листови и цветови кои припаѓаат на растителниот род „канабис сатива“.

Инаку досега во рамки на акцијата поднесени се кривични пријави против повеќе од 195 лица и запленети се над 540 килограми најразновидни наркотични средства како и стебла од растението канабис.

 

 

Оцени ја веста

07.10.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега