Хепи Фрајдеј

 

Вчера три пат во текот на денот се обидов да се саморазбудам. Првиот пат со вода. Вториот со себешамарање, третиот пат се обидов да се опијам, па белким така ќе се разбудам. Не оди. Не сонувам, гледам и слушам како и сите други будни околу мене. Сепак ден е нели, како и сите други, ама како да не е. Сериозно, јас барам не паметам вака политички-функционално конструктивен ден изминативе 25 години.

Толку убав ден што открив и дека Лидија Димова знаела и умеела да се смее. Да си пукнеш од радост. Низ фина, убава, шармантна насмевка имаше идниновидение… Толку бајковито го раскажа тоа кога некогоаш таму во иднина, во Македонија, таа власт, а тој опозиција ќе функционират, што и на Илија му падна убаво…

Ете и Заев без трипати да се пишмани го исфали Хан. Глеј чудо никој не напиша ниту дека Хан во Македонија дошол да си ги види казината во Гевгелија, а потоа инфилтриран во мигрантскиот бран со возот до Табановце, па преку Србија, Хрватска и Словенија до Австрија, во шишиња (камуфлирани како попатна вода) да го изнесе профитот од Македонија.

Толку арно не е на арно… Така барем велат стариве… Ама, што пак тие знаат што е Хан…Денот на следниото негово доаѓање да се прогласи за државен празник. Греота е ваквите функционални денови да не ни станат традиција. Башка, покрај Лидија можеби и Рада ќе почне да се смее.

Туку, Заев каква карма има . Сите политички заглавувања ги почнува со интервју на телевизија 24 вести. Ако мислевте дека е до Гоце, не е… Џабе курбан детево…

Едноставно го влече камерата човекот. Се отвара…Но, неговото последно отворање, едно три прсти,  може да затвори побајаги од неговиот тим. Нескајќи и отвори дополнителна работа на Катица. Настрана тоа што многумина уште се сеќаваат на оние приказни за заморот на Заев на оние прес-конференции поради деноноќниот негов личен ангажман во  “слушањето на вистината за Македонија”, сега многу поважно е да се најде кој се имал слушалки таму горе во “зградата на вистината”.

Примерот што го кажа дека за една бомба тој слушал и селектирал 40-тина разговори, а потоа ги давал на неговите кои од тие 40 подготвувале седум за објавуање, открива дека таму некој има преслушано, а кој гарантира дека нема и преснимено, можеби над 3000 разговори кои не се објавени во јавноста. Ова не е за смеење. Тоа отвора сериозен проблем, за кој не знам дали има прецизна клаузула во договорот од Пржино како ќе се решава. Ако на почетокот од оваа приказна, како нејзин крај ни беше понудена единствено опцијата на слепо верување на некаков чесен збор на една личност дека се ќе заврши со затворање на папката за јавноста, сега испаѓа дека можеби нечесните намери (на веројатно многумина) можат да отворат нови папки по потреба. Тајните слушачи на вистината, можат лесно да станат тајни демони на слободата. Хм… А не беа досега?

Слушнав што Оливера мислела за Заев, ама не и што Рада кажала на тоа. Туку што е важно што кажала, што би рекол Заев тоа е во рамки на приватноста, а таа нивната приватност секако се разликува од она приватност на другите. И таа не е јавен интерес.

Се сеќавате на ендекот нели… Е кога во СДСМ зборуваат за ендеци, тоа всушност е приватност која не го отсликува карактерот на личноста. Се дефинира како професионалност, а кај другите како моструозност. Се сеќавате де…

Овие македонските броците за човековите права да не кампуваат на Бајаково? Слабо ги гледам по телевизија. Што е разликата меѓу македонски и хрватски или словенечки пендрек? Вторите се невидливи.. барем за медиумите.

 

 

Оцени ја веста

20.09.2015 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега