Се асфалтира патот Прилеп - Крушево
Денеска и утре ќе се изведуваат работи на патниот правец Прилеп-Крушево. Поради тоа, на места сообраќајот се одвива по една лента.
Како што информираат од АМСМ се врши асфалтирање од 25. до 31. километар на овој патен правец. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација, а сообраќајот на места се одвива по една коловозна лента.