Сензација на повидок: Манчестер Јунајтед нуди 190 милиони евра за Нејмар!
Претседателот на Барселона Џозеп Бартомеу изјави денеска дека клубот ќе му понуди нов договор на Нејмар, како одговор на се погласните шпекулации дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Бразилецот.
- Во наредните неколку месеци ќе разговараме за продолжување на соработката. Тој мора да остане, не само уште три години, туку пет или десет, кажа Бартомеу за Радио Каталонија.
Актуелниот договор на Нејмар со европскиот шампион му истекува во 2018 година.
Медиумите во Бразил наведуваат дека Јунајтед е подготвен да плати 190 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на Нејмар.
Нејмар минатата сезона постигна 39 гола и така и помогна на Барселона да ги освои Лигата на шампиони, Примера и Купот на кралот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа