Убедлив пораз на македонските кошаркари од Шпанија

 
Македонската кошаркарска репрезентација синоќа на гостувањето кај Шпанија претрпе убедлив пораз со 94:63. Ова воедно беше трет пораз за македонските кошаркари во подготовките за Европското првенство, кое почнува на 5. септември.
 
Во текот на првото полувреме Шпанија беше подобра во сите елементи и по 20 минути игра водеше со 52:26. Нашите кошаркари третиот период го одиграа најдобро и го решија во своја корист со 22:17, па и за момент ја намалија високата предност на ривалот. Сепак, „црвената фурија“ во последната четвртина повторно ја зголеми предноста.
 
Најефикасни кошаркари во нашиот национален тим беа: Ричард Хендрикс со 12 поена (6 скокови), Бојан Трајковски  со 11 поени, Предраг Самарџиски 10. Кај Шпанија најрасположени беа Руди Фернадез со 14 и Хернан Гомез со 12 поена.
 
Следниот натпревар Македонија го игра повторно против Шпанија на 25. август (вторник) во Логроњо.
 

 

Оцени ја веста

23.08.2015 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега