„Цивил“ инкасирал половина милион евра од СОРОС за само 3 години
Зема огромни пари од СОРОС, во времето на СДСМ земал и државни пари а фигурира и во неколку невладини организации од македонското политичко подземје. Џабир Дерала, се разоткрива како еден од главните соросоиди кои за интересите на СДСМ се претставува како НВО сектор, објави СИТЕЛ.
И покрај овие факти, Дерала бара да донесува одлуки во преговорите за надминување на политичката криза. Односно бара да биде власт без избори.Дерала и неговата организација “Цивил“ за само 3 години од 2011 до 2014 пријавиле приход од дури 524,569 евра. Според економските експерти, за овој временски период ни поуспешните средни компании не заработуваат толку..
Голем дел од граѓаните никогаш не слушнале за “Цивил“ и нејзините активности, но и покрај тоа оваа организација добивала грантови од Фондацијата Сорос, од останати меѓунарони донатори но и од државата.Во 2005 кога кадар на СДСМ го водеше Советот за Радиодифузија, на Дерала и Цивил им бил одобрен проект вреден 27,000 евра за да снимаат филм. Филмот не ја видел светлината на денот, а во 2013 Советот поднесува и тужба против него.
Според извори од СРД, поради нелогичниот договор кој го составил тогашниот претседател од СДСМ, судот проценил дека Дерала не треба да ги врати парите, туку 8 години откако ги земал треба да почне да го снима филмот, објави СИТЕЛ.
Покрај овие ангажмани. Дерала фигурира во невладините од македонското политичко подземје како “Ајде“ и во “Граѓаните за Македонија“. Неговата организација е една од постарите соросови организации во Македонија.
Иако персоналот го сочинуваат четворица, се претставуваат дека се експерти за избори, медиуми, човекови права, филм, музика, европски интеграции и се останато за кое може да се добие грант од “политичкото подземје“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа