ФОТО: Инфраструктурен бум во Скопје

 

Новите сообраќајни решенија во главниот град придонесоа да се зголеми безбедноста во одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот, да се олесни движењето кон излезот на Скопје и да се уреди просторот, пишува Скопјеинфо.мк.

1skopje500

Друштвото за патишта на Република Македонија на 9 јануари 2014 година додели признание на Градот Скопје за „Исклучителен развој на градските сообраќајници”, како дел од одбележувањето на јубилејот - 45 години од основањето на ова друштво. Признанието за Градот Скопје го прими Претседателотна Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.

Трајановски: Реализирани многу проекти, продолжуваме со исто темпо

Градот Скопје во изминатите пет години успешно реализира многубројни проекти, почнавме и завршивме големи инфраструктурни зафати кои го променија лицето на Скопје и отстранија долгогодишни проблеми.

Градевме нови улици, булевари и кружни текови, отворивме нови сообраќајни коридори, уредувавме нови зелени површини и засадувавме дрвја, ги реновиравме училишните згради на средните училишта, градевме водоводни мрежи и атмосферски и фекални канализации, отворавме нови паркиралишта и катни гаражи, вложувавме во енергетската ефикасност и во подигањето на јавната хигиена, организиравме врвни спортски и културни манифестации...

Во иста насока продолжуваме и оваа година, ќе следуваат капитални проекти во сите сегменти на урбаното живеење.” – изјави за Скопјеинфо градоначалникот Коце Трајановски.

РСБСП: Новите проекти - чекор напред кон побезбеден сообраќај

Стојче Стаменковски, Претседател на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот вели дека значајна улога во безбедноста на сообраќајот има локалната самоуправа. 

Градот Скопје во изминатиот период покажа дека инфраструктурните сообраќајни решенија се високо на агендата на раководството. Проектите кои беа реализирани во изминатиот период сериозно влијаат на растеретување на метежот на улиците во Скопје, а со тоа и на подигнување на безбедноста во сообраќајот. И не се само улиците, тука се и велосипедските патеки, тротарите, пешачките премини и сите инфраструктурни проекти кои значат поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.   Придонесот на локалната самоуправа во зголемување на безбедноста е значаен чекор и ние како тело го поздравуваме истиот. - додава тој. 

Вистински инфраструктурен бум

Навистина е тешко да се издвојат и набројат сите проекти. Помеѓу инфраструктурните зафати градот бележи реконструкција, проширување, асфалтирање на голем број локални улички во сите општини во град. Помеѓу најважните проекти за главниот град Скопјеинфо ги издвои следните: 

2skopje500

Првомајска: од обична улица во широк проточен булевар

Булеварот Борис Трајковски, во општината Кисела Вода, е една од најголемите и најзначајни сообраќајни артерии во Скопјеод која што директно зависат повеќе од 150 000 жители  на нашиот град.

На обемниот проект за проширување и реконструкција  се работеше цели 2,5 години. Булеварот Борис Трајковски во должина од 2,5 километри прерасна во широк и проточен булевар, со уредени тротоари и со странично зеленило и ги потврди заложбите на Градот Скопје за решавање на проблемот со сообраќајниот метеж и, што е најважно, за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот

Во проектот за проширување и Реконструкција на улицата Првомајска, Градот Скопје ќе вложи околу 4 милиони евра, пари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, како кредит, и од Буџетот на Град Скопје.

Булевар Илинден: Современ булевар со нов лик

Проширувањетои реконструкцијата на улицата Илинденска е еден од најголемите реализирани проекти во централното градско подрачје во последниве 12 години. Улицата  Илинденска стана булевар Илинден на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до улицата Љубљанска, во должина од 3 820 метри.

Булеварот доби по две коловозни ленти во секоја насока, уредени тротоари и велосипедски патеки, нови крстосници, средишно зеленило и ново штедливо осветлување.

Во 2010 година беше проширена првата делница од булеварот Илинден, од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до крстосницата со булеварот 8.Септември, во должина од 2 140 метри.

Во 2011 година беше пробиен втората делницаод булеварот Илинден, од крстосницата со булеварот 8.Септември до бензинската пумпа на „Макпетрол“, во должина од 280 метри.

Во 2013 година булеварот Илинден беше проширен од бензинската пумпа на „Макпетрол“ до улицата Љубљанска во должина од 1 400 метри. И на оваа делница булеварот доби четири коловозни ленти.

Теодосиј Гологанов: Широк булевар со турбо кружен тек

3skopje500

Турбо кружната крстосница, проширениот коловоз со 4 ленти, уредените тротоари, новоподигнатото зеленило и штедливото улично осветлување се главните карактеристики на реконструираниот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов што екипите на Градот Скопје го градеа во три фази.

Проширувањето на булеварот во првите две фази се одвиваше на вкупна должина од 2 700 метри и во голема мера ги реши Сообраќајните проблеми во централното градско подрачје.

Во завршна фаза е реконструкцијата и проширувањето на третата фаза од булеварот во должина од 1600 метри,  на потегот од крстосницата со булеварот 8.Септември до улицата Московска.

Булевар Свети Климент Охридски:  Современа, модерна сообраќајница

Од крстосницата со улицата Свети Кирил и Методиј до крстосницата со улицата Димитрија Туцовиќ, во должина од 904 метри, булеварот Свети Климент Охридски доби шест коловозни ленти, нови тротоари и велосипедска патека, осветлување и средишно зеленило. Обемниот проект за проширување и реконструкција на оваа сообраќајница Градот Скопје го реализираше во две фази, а за градежните работи потроши вкупно 67,5 милиони денари.

4skopje500

Со проширувањето и реконструкцијата на булеварот Свети Климент Охридски Градот Скопје отвори уште еден широк сообраќаен коридор во центарот на градот којшто значително го олесни движењето на возилата, го намали времето на патување и метежот, а придонесе и за подобрување на квалитетот на воздухот.

Четири ленти на Трета Македонска бригада

Првиот дел од булеварот Трета македонска бригада, на потегот од булеваротСрбија до улицата Фрањо Клуз, во септември 2014 година доби нов лик. На делница долга 1.243 метри беше изграден коловозсо четири ленти, нови тротоари и велосипедски патеки, уредено е зеленилото, а поставено е и ново осветлување.

5skopje500

Старата и нефункционална улица Трета македонска бригада, која беше синоним за сообраќаен метеж, со овој проект доби 4 коловозни ленти, по две во секоја насока. Новоасфалтираната површина изнесува 22.500 квадратни метри. Од двете страни на сообраќајницата се из градени тротоари и велосипедски патеки покриени со бекатон-плочки.

Катна гаража “Македонска фаланга”

Катната гаража „Македонска фалан-га“ има два ката под земја и пет ката над земја, со вкупно 445 паркинг-места. Станува збор за современ објект со модерен систем за видеонадзор, систем за следење на слободни паркинг-места и за насочување на возилата, осветлување и испочитувани стандарди за противпожарна заштита.

6skopje500

Катната гаража „Македонска фаланга“ што Градот Скопје ја изгради на улицата Свети Кирил и Методиј минатата година доби најмногу гласови од публиката на Интернет-гласањето за популарната архитектонска награда „Архитајзер А+“, во категоријата објекти за паркирање. Наградата „Архитајзер А+“, што ја организира платформата за архитектура и дизајн „Архитајзер“, оддава признание на најдобрите архитектонски решенија, простори и продукти во светот.

Нови кружни текови во главниот град

Кружен тек на улицата Ѓорче Петров

Кружната крстосница меѓу улиците Ѓорче Петров, Воин Драшкоци и Радушка во општината Ѓорче Петров, чијашто изградба Градот Скопје ја заврши кон крајот на мај 2011 година, значително го намали сообраќајниот метеж, а го зголеми протокот на возила во овој дел од градот. Кружниот тек е формиран на ниво на постојниот коловоз, има две коловозни ленти широки 7 метри и нови пешачки и велосипедски патеки. На кружниот тек се поставени нови сообраќајни знаци, без семафори.

Кружна сообраќајница кај црквата “Св. Петар и Павле”

Градот Скопје успешно го заврши проектот за изградба на кружен тек меѓу булеварот Партизански одреди, булеварот Македонска војска, улицата 4.Јули и улицата Лука Геров, во општина Ѓорче Петров. Ова модерно сообраќајно решение придонесе за подобрување на урбаното живеење во општината и занамалување на метежот што со години беше слика за оваа крстосница.

Градот Скопје во овој комплексен градежен зафат вложи околу 25 милиони денари.

7skopje500

Кружна крстосница помеѓу Чаир и Бутел

Кружна крстосница се изгради меѓу улиците Втора македонска бригада и  Лазо Трповски, на границата меѓу општините Бутел и Чаир. Новата сообраќајница се формираше на нивото на постојниот коловоз и ќе има една сообраќајна лента со ширина од 5,5 метри,  којашто ќе ги опслужува сите четири краци на новата сообраќајница.

Изградбата на оваа кружна крстосница е на иницијатива на општините Чаир и Бутел. Новото сообраќајно решение ќе придонесе да се решат долгогодишните проблеми на жителите на двете општини и да се намали сообраќајниот метеж.

Карпош и Ѓорче Петров ги поврзува најголемиот кружен тек

8skopje500

Новиот кружен тек е формиран на местото на поранешната крстосница на булеварот Партизански одреди и улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров којашто со години претставуваше црна сообраќајна точка и една од најоптоварените крстосници во градот. Градот Скопје во овој дел од градот во последниве пет години изгради уште два кружни тека - кружниот тек на улицата Ѓорче Петров и кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, а го прошири и булеварот Македонска војска, на потегот од крстосницата со улицата Ѓорче Петров кон стадионот на ФК „Македонија Ѓорче Петров“. Со изградбата на овој кружен тек се комплетира мрежата на модерни сообраќајни решенија кои претставуваат вистински сервис на граѓаните и гарантираат забрзан развој на општините Карпош и Ѓорче Петров.

Изградбата на овие кружни текови ја навести изградбата на кружни текови во Скопје како идеално решение за намалување на метежот на крстосниците и за зголемување на безбедноста за сите учесници во сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 10:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега