ВИДЕО: Роналдо повреди детенце, па му подари дрес
Најдобриот светски фудбалер, Кристијано Роналдо повторно ја покажа својата голема човечност на мечот против Атлетико.
За време на загревањето, ѕвездата на „кралевите“ ненамерно погоди детенце со топка и го повреди. Веднаш потоа, со загрижена гримаса на лицето тој се стрча кон него и му го подари дресот.
Детето прво плачеше од болка, па потоа од среќа. Португалецот со насмевка се врати на теренот.
Оцени ја веста
24.04.2015 - 10:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа