Николоски: Предвремени парламентарни избори нема да има

 

Предвремени парламентарни избори нема да има, граѓаните минатата година јасно ја изразија својата волја. Имаме стабилно мнозинство во Собранието, министрите и именуваните лица коректно ја вршат работата и заради тоа не гледам причина зошто да има предвремени избори, истакна вицепремиерот Александар Николоски, во вечерашното гостување во емисијата “360 степени”

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се стабилни. Во однос на внатрепартиските препукувања во албанскиот коалиционен блок, рече дека тоа се внатрешни проблеми кои не влијаат на работата на Владата и проектите.

28.04.2025 - 21:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега