Почина професорот на Машински факултет Миле Димитровски
На 75-годишна возраст почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје во пензија.
Проф. д-р Димитровски беше доајен на научната мисла во машинството во Македонија, активен во социјалниот и општествен живот во Македонија.
Бил раководител на лабораторијата за мотори и автор на многу научни и стручни трудови и книги. Бил основач и претседател на Комората на овлатени инженери на Македонија.
Погребот ќе се одржи на 30 април на гробиштата Бутел.
28.04.2025 - 18:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа