Петрушевски: Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста, на удар е Тошковски

 

Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста. На удар е министерот Панче Тошкоски, човек што го познавам долги години. Човек, синоним за чест, правда и бескрајна љубов кон Македонија, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

-Подносители на интерпелацијата? Левица — политички шарлатани и квази-патриоти. Тие беа најгласните слуги на шарената револуција што го донесе најголемиот криминал и најдлабоките национални понижувања! Денес, политички некрофили, кои сакаат да тргуваат со болката на народот и да извлечат ситен политички ќар од трагедијата во Кочани. Бесрамно! Но вистината е јасна: За првпат во Македонија, по трагедија, неселективно и одговорно се поднесуваат кривични пријави против сите виновници — без разлика на функција и моќ. Повеќе од 70 лица се опфатени: министри, градоначалници, инспектори, полициски службеници, посочи Петрушевски.

Петрушевски истакна дека сега е така за разлика од минатото кога “кабелот” беше виновен, а вистинските виновници беа заштитени, с потоа наброја:

Панче Тошкоски испиша страница на вистинска борба против криминалот:
-Сузбиени 14 криминални групи и 1 терористичка ќелија;
-Паднаа поранешен вицепремиер, врховен судија, член на Совет на јавни обвинители, директори;
-Спречени меѓународни транспорти на кокаин, марихуана и екстази (над 4 тона запленети дроги);
-Сузбиена цела мрежа на корумпирани цариници;
-За 4,8% намален криминал!

-Токму затоа Левица крева врева. Страв им е од правда и одговорност. Оваа битка не е само на Панче! Ова е битка на сите што веруваат во чесна, праведна и достоинствена Македонија! Стојам цврсто и гордо зад министерот Панче Тошкоски. Зад Македонија што се бори. Зад правдата што конечно има име и презиме. А  ти? – вели Петрушевски.

28.04.2025 - 21:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега