Градоначалници од цела Европа ќе го шетаат Берово
Во рамки на проектот „Европа за граѓаните“, градоначалници и претставници од Чешка, Романија, Унгарија, Полска, Италија, Германија и Грција ќе ја посетат општина Берово.
Во наредните неколку дена гостите ќе посетат повеќе туристички локалитети и културно-историски знаменитости во Малешевијата. Домаќини се градоначалникот Драги Наџински и општина Берово.
Целта на посетата е меѓусебно запознавање, унапредување на соработката и размена на искуства околу реализација на проектите што се финансираат од фондовите на Европската унија. Наредните две средби, на кои ќе учествувааат и претставници на општината Берово ќе се одржат во Унгарија и Романија.