Детали за пукањето во училиштето во Грац: најмалку осум загинати, телото на напаѓачот пронајдено во тоалетот

 


Најмалку осум лица се убиени во пукотница во училиште во австрискиот град Грац.

Тамошните медиуми јавуваат дека бројни полициски единици, вклучувајќи ја и специјалната единица „Кобра“, биле распоредени на местото на пукотницата, која започнала околу 10 часот наутро.
Телото на напаѓачот е пронајдено во тоалетот.

 

Ранетите се евакуираат со полициски хеликоптери.

Една наставничка се забарикадирала со своите ученици во училницата за да ги спаси, пишуваат медиумите во Австрија.

Според австрискиот „Курир“, напаѓачот си го одзел животот, а неговото тело е пронајдено во училишниот тоалет.

Полицијата не ја исклучува можноста друг напаѓач да учествувал во масакрот. Штаерската полиција потврди дека во нападот биле употребени неколку оружја, но деталите засега не се познати.

Јавноста е предупредена дека областа на училиштето не е безбедна.

Денешната пукотница се случи во пресрет на десетгодишнината од пукотницата во Грац на 20 јуни 2015 година. Тогаш беа убиени три лица.

10.06.2025 - 12:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега